Skip to main content
Четири отсто повеќе од лани

За седум месеци Албанија ја посетиле 6,6 милиони туристи

Pixabay

Во периодот од јануари до јули годинава Албанија ја посетиле 6,6 милиони туристи што е за четири отсто повеќе споредено со истиот период минатата година.

Албанскиот Институт за статистика (ИНСТАТ) објави извештај во кој се потврдува дека земјата ја посетиле над 225.000 повеќе туристи од лани истиот период.

Овие бројки потврдуваат дека туризмот останува моќен двигател за економските показатели, како и вработувањето во земјата.

Туристите доаѓаат главно од европскиот регион, сочинувајќи околу 95 проценти од странските туристи. Најбројни се туристите од Косово, Македонија, Италија, Шпанија и Франција. Ова потврдува дека Албанија останува главно регионална и медитеранска дестинација, но нема недостаток и на туристи од далечни пазари како што се Америка, Азија или Африка, кои, иако даваат скромен придонес, се во постојан пораст“, наведува ИНСТАТ.

Се очекува Албанија да прими над 12 милиони странски посетители оваа година.

Земјата продолжува да се промовира од меѓународните медиуми како една од најдобрите дестинации за одмор, не само поради нејзината крајбрежна линија, туку и поради другите природни убавини. Ова доведе до постепено проширување на туризмот и по летната сезона. 

Поврзани вести