
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека вицепремиерот на Србија и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачи се опоравува и додаде дека ќе биде отпуштен од болница следната недела.
За време на презентацијата на националната стратегија „Србија 2030“, а зборувајќи за плановите за здравствена заштита, Вучиќ рече дека се шегувал со Дачиќ за тоа колку би чинело неговото лекување во странство, пренесе „Блиц“.
Се шегував со Ивица Дачиќ, бидејќи е во доста добра состојба, се опоравува и наскоро, следната недела, ќе биде отпуштен од болница. Разговарав со него и пресметав колку би чинело неговото лекување во странство – пет години од неговата висока плата, пет години од неговата одлична работа не можат да платат само за ова време што сега го поминал во болница“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека во Србија, пак, лекувањето е бесплатно и достапно за сите граѓани.

Македонски

