Skip to main content

Во Тирана уапсен скопјанец баран со меѓународна потерница издадена од Австрија

freepik

Албанската полиција во рамки на акцијата „Операција 54“, уаспила македонски државјанин баран со меѓународна потерница издадена од Австрија, каде за сторени тешки кривични дела.

-Дирекцијата на силите за специјални операции успешно финализираше уште една акција за апсење на меѓународно барани лица. Уапсен е М.А.(41) роден и со живеалиште во Скопје, Македонија, кој се бара со меѓународна потерница издадена од Јавното обвинителство во Инсбрук, Виена, Австрија. Тој се бараше за сторени тешки кривични дела како што се: „Трговија со дрога“, „Опасна закана“, „Тешка изнуда“ и „Повреда“.За вакци дела со австрискиот Кривичен законик, предвидена е максималната казна до 20 години затвор, стои во полициското соопштение.

Според истиот извор во Тирана, органите на редот го лоцирале и уапсија М.А. При физичкиот претрес, пронајдена и запленета е марихуана, која е искористена како материјален доказ во истрагата.

Интерпол Тирана ги продолжува законските процедури за екстрадиција на лицето, во соработка со австриските власти.

На 6 овој месец на граничниот премин „Ќафасан“, на албанско – македонската граница кај Струга, при влез на албанска територија уапсен беше е А.А (34) жител на Кичево бран со меѓународна потерница, издадена од Интерпол Берн/Швајцарија, осуден на 20 години затвор за меѓународна трговија со дрога.

Поврзани вести