Skip to main content

Во Албанија од денеска цената на струјата за домаќинствата пониска за 10,5 отсто

Во Албанија од денеска почна примената на одлуката за новата цена на електричната енергија, која е пониска за 10,5 отсто, објави вицепремиерката, воедно и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку.

Според неа корист од оваа мерка се очекува да имаат 1 милион и 70 илјади претплатници или речиси 95 отсто од домаќинствата.

Домаќинствата кои ќе потрошат до 700 киловатчасови месечно ќе плаќаат 8,5 лека по киловатчас. Оние кои ќе надминат 700 кв/час ќе плаќаат по 9,5 лека. Ќе бидат опфатени 1.070.000 претплатници или 95 отсто од претплатниците, наведува Балуку.

Регулаторниот завод за енергетика, неодамна одлучи а владата прифати цената за семејните потрошувачи кои трошат до 700 кв/ч да биде 8,5 леки за киловат. За оние семејства кои трошат повеќе од 700 киловати цената е 9,5 лека за киловат.

Поврзани вести