
Снимката е едно од најморничавите сведоштва на српската денешница. Теророт кој овде го гледате го спроведуваат учениците на Петтата белградска гимназија над директорката на училиштето, Данка Нешовиќ- објави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, заедно со видеото како доказ.
Со неа биле уште три чесни и здраворазумно ориентирани наставници кои сметале дека училиштето е место во кое децата треба да учат и во кое тие заработуваат плата. Колку што сум шокиран од непочитувањето, психичкиот и физички терор кој е спроведен над директорката, толку сум фасциниран од нејзината храброст, напиша Вучиќ.