
Србија не застана иако студентит и српската опозиција организираа генерален штрајк. Мнозинството граѓани на Србија не го поддржуваат генералниот штрајк.

Јавниот превоз во Белград утрово беше полн со луѓе кои одеа на работа, возниот ред се одвива нормално.
Српското Министерство за образование денеска испрати писмо до директорите на основните и средните училишта во кое се наведува дека доколку не се организира штрајк во согласност со законот, вработените немаат право на плата.