
Политикологот и воен аналитичар од САД, Грегори Копли, денеска изјави дека е јасно оти студентските протести во Србија се резултат на операции на странски разузнавачки служби, кои траат со години.
„Треба да се претпостави дека главната поддршка за протестите доаѓа од Западот, вклучително и голема мрежа на агитатори во граѓански организации кои ја спонзорираа и обоената револуција во Србија во 2000 година“, изјави Колпи за весникот „Политика“.
Според него, српските власти се во право кога велат дека оваа втора обоена револуција била „апсолутно“ поддржана од остатоци од претходната американска администрација.
„Белград стана она што беше Виена по Втората светска војна: главната конкурентна арена меѓу западните и источните разузнавачки оперативци“, оценува Колпи.
Тој рече дека српскиот претседател Александар Вучиќ е во право кога вели дека овие протести ги имаат сите карактеристики на обоена револуција.
„Бидејќи Србија сè уште не е меѓу прашањата со висок приоритет во новата американска администрација, спонзорите и демонстрантите се обидуваат да ја искористат оваа можност“, смета тој.