Skip to main content

Студентите го блокираа Нови Сад, голем протест и во Белград

Студентите во Србија ги повикаа граѓаните денеска да се соберат масовно на улиците во Ниш, Белград, Власотинце, Чачак, Горњи Милановац и други места за да ги поддржат нивните барања.

Во Белград од 11 до 18 часот е најавена блокада на мостот Газела. Во Нови Сад три главни раскрсници ќе бидат блокирани од 11 до 14 часот, со што влезот во градот е практично невозможен.

Студентите од Крагуевац трчаат штафетен маратон до храмот Свети Сава во Белград, со цел симболично им ги предадоа поканите на колегите за протестот што ќе се одржи во нивниот град на 15 февруари.

Поврзани вести