Skip to main content

Српското МВР му понуди на Израел хеликоптери за гаснење шумски пожари

Фото: Freepik

Министерството за внатрешни работи на Србија му понуди на  Израел помош во гаснењето на пожарите во близина на Ерусалим – пет хеликоптери.

„Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека, по наредба на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, како одговор на големите шумски пожари во близина на Ерусалим, Министерството за внатрешни работи и понуди на Државата Израел помош во гаснењето на овие големи пожари“, се вели во соопштението од српското МВР.

Три хеликоптери со голема носивост, два хеликоптера „Камов Ка-32“ со капацитет до пет тони вода и еден хеликоптер „Супер Пума Х-215“ со капацитет од 4 тони вода се подготвени да бидат испратени да дејствуваат во загрозеното подрачје во случај ситуацијата да не се стабилизира.

Хеликоптерската единица и Одделот за вонредни ситуации спроведуваат подготвителни активности со цел да ја испратат таа помош во истиот момент кога колегите во Израел ќе проценат дека е потребна, наведуват од српското МВР. 

Поврзани вести