Skip to main content

Српскиот претседател очекува документи за американските санкции кон НИС на 10 или 13 јануари

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека на 10 или 13 јануари очекува да пристигнат документите од САД за воведување санкции против српската нафтена компанија НИС (Нафтена индустрија Србије), во која руски компании имаат мнозински удел,пренесува Радио Слободна Европа.

Во емисија на српската национална ТВ РТС, Вучиќ посочи дека има две непознати, кои се однесуваат на условите и дали проблемот е што Русија го има мнозинскиот пакет акции или што воопшто учествува во сопственоста на НИС.

– Ќе останат ли санкциите против НИС ако Русите останат со 40 отсто сопственост, дали е доволно да немаат мнозински или контролен пакет акции или пак се инсистира тие целосно да излезат од сопственоста, рече Вучиќ.

Од 2008 година руската државна компанија „Газпром нефт“ и нејзината матична компанија „Газпром“ имаат мнозински удел во НИС од 56,15 отсто, додека 29,87 отсто се во сопственост на Србија.

Вучиќ додаде дека Србија има доволно средства за да го откупи НИС, но останува прашањето што ќе направи Русија со парите добиени од евентуалната продажба.

Поврзани вести