Шефот на унгарската дипломатија, Пете Сијарто, по средбата со министерот на Република Српска за образование, Жељко Будимир, изјави дека поранешната американска администрација вршела притисок врз Босна и Херцеговина на срамен и антидемократски начин, што ја довело во прашање волјата на народот на Република Српска.
Сијарто изрази надеж дека на тоа сега му дојде крајот по унаугурацијата на новиот американски претседател, Доналд Трамп.
Во целиот свет имаше агресивно мешање во внатрешните работи на идеолошка основа и се надеваме дека тоа сега е завршено. Отсега меѓународната политика треба да се одредува според националниот суверенитет“, рече Сијарто.