Пронајдено е и третото безживотно тело на рудар во рудникот во Велење, Словенија, откако пред два дена еден од тунелите се поплави и го затрупа големо количество тиња, пренесува словенечки Н1.
Со тоа, бројот на жртвите во несреќата во рудникот за јаглен се искачи на три.
Првата жртва е пронајдена уште првиот ден кога се поплави еден од тунелите во рудникот, а телото на вториот рудар рано утрово.
Според Марко Мавец, директорот на рудникот, акцијата за спасување била многу тешка, а од почетокот се ископани околу 250 кубни метри засипен матееријал од вкупно околу 750 кубни метри.
Посочи и дека овој рудник е едене од најбезбедните во светот, зашто во последните 22 години не се случила ниту една посериозна несреќа.
„Природата не простува, а рударството е опасно“,рече тој.
Семејствата на жертвите, додаде дека ќе добијат паричен надоместок.
Во следните денови ќе се одржи комеморација во спомен на загинатите рудари.