Skip to main content

Од срцев удар почина секретарот на пратеничката група на грчката владејачка партија Нова демократија

Facebook/Απόστολος Βεσυρόπουλος

Секретарот на пратеничката група на Нова демократија, поранешен заменик-министер за финансии на Грција и пратеник Апостолос Весиропулос почина денеска на 59-годишна возраст откако доживеал срцев удар на плажа во Ситонија на Халкидики, јави дописничката на МИА од Атина.

На Весиропулос, според грчките медиуми, му се слошило додека се наоѓал во бич бар на плажата и веднаш била повикана итна помош, биле направени обиди за реанимација и пренесен во Здравствениот центар во Ситонија, каде што продолжиле напорите да се реанимира, но неуспешно.

Весиропулос од април годинава беше секретар на пратеничката група на грчката владејачка партија Нова демократија, во периодот од јули 2019 година до мај 2023 година беше заменик-министер за финансии, а од 2012 година беше пратеник во грчкиот Парламент.