Skip to main content

Смртен случај на плажа во Несебар, полицијата истражува

На плажата „Олимписка надеж“ во Несебар, Бугарија, се случи трагичен инцидент во кој жена го загуби животот откако се удави во морето, соопштија надлежните власти.

Според првичните информации, пријавата за можно давење е примена во недела околу 20:30 часот. Веднаш по дојавата, службите за итни интервенции излегле на терен и телото на жената набрзо било извлечено од водата.

Идентитетот на починатата засега не е познат, а полицијата работи на нејзино идентификување и на утврдување на сите околности поврзани со несреќата. Прелиминарниот преглед на телото не покажал видливи траги на насилство, поради што се претпоставува дека станува збор за несреќен случај.

На брегот биле пронајдени нејзините лични предмети, меѓу кои торба за плажа, летна облека и апостолки, кои се земени за понатамошна истрага.

Телото е пренесено во Бургас, каде ќе биде извршена обдукција со цел да се утврди точната причина за смртта.