Skip to main content

Не успеа да се избори за живот: 18 годишниот Вукашин е шеснаесетта жртва на трагедијата во Нови Сад

18-годишниот Вукашин од Змајево, Војводина, кој беше тешко повреден при уривање на натстрешницата во Нови Сад на 1 ноември, за жал починал утрово на Воено-медицинската академија (ВМА), неофицијално дознава Њузмакс Балканс.

Пациентот, по укажаната помош во Универзитетскиот клинички центар во Војводина бил примен на ВМА, а состојбата му била непроменета, но критична.

Тој, за жал, е 16-та жртва од уривањето на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад.

Борбата за живот траеше четири месеци и 20 дена, јавуваат српските медиуми.

Поврзани вести