Skip to main content
VjTI_BEiRAo

Најголема заплена во историјата на Србија – Откриени пет тони марихуана во Шумадија

Полицијата во Србија соопшти дека запленила рекордни пет тони марихуана кај селото Коњух во близина на Крушевац, во централна Србија, пренесуваат тамошните медиуми.

Според српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, станува збор за досега најголема заплена на дрога во Србија. Вредноста на „тревата“ се проценува на седум до десет милиони евра.

Уапсени се двајца осомничени – Н. С., роден 1986 година и Р. С., роден 1958 година, додека по уште еден осомничен се трага.

Тие ќе одговараат за неовластено производство и дистрибуција на наркотични дроги и нелегално производство, поседување, носење и продажба на оружје и експлозивни материи, откако во акцијата е пронајдено и оружје. Според информациите, се работи за најмалку четири автоматски пушки и еден рачен ракетен фрлач „зоља“, како и околу 13.000 евра.

Според полицијата, криминалната група ја складирала марихуаната во простории на трговската компанија „Флораком“, од каде што понатаму ја дистрибуирала на територијата на главниот град на земјата, Белград, за натамошна продажба.

Поврзани вести