
Српската опозиција и студентите подготуваат немири и насилство на големиот собир на 28 јуни на големиот празник Видовден. На видеото емитувано од пленумот на Градежниот факултет, се наведува дека една од техниките што ги предлага се офанзива против полицијата, со употреба на спреј и бибер спреј.

– Мислам дека е потребно луѓето спонтано да се вклучат во некаков вид насилство, па затоа ќе повикаме на граѓанска непослушност, а потоа полека, во групи, што и да прават, ќе се свртат кон насилство. Досега, ние, студентите, бевме симбол на нешто што е добро и така, се бориме за правда, и не мислам дека треба да си ги валкаме рацете повикувајќи на тоа – може да се слушне на аудио-снимката.

Се наведува дека целта е да се распишат избори а да се протеститра веќе од 28 јуни до годишнината од Сребреница на 12 јули.
