Skip to main content

Милановиќ: Косово треба да го признаат сите членки на ЕУ кои сѐ уште не го сториле тоа

Facebook/Zoran Milanović

Хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ, денеска во разговор со косовскиот премиер, Албин Курти, изјави дека се исполнети сите услови за целосно меѓународно признавање на Косово.

Сите услови за државност и целосно меѓународно признавање на Косово се исполнети, а особено Косово треба да го признаат сите членки на Европската унија кои се уште не го сториле тоа“, повтори Милановиќ, објави прес-службата на хрватскиот претседател.

Тој потврди дека Косово има целосна и цврста поддршка од Хрватска на неговиот пат кон членство во сите меѓународни асоцијации.

Претседателот на Хрватска оцени дека е неопходно нормализација на односите меѓу Косово и Србија, бидејќи тоа би значело поголема стабилност во Југоисточна Европа, што, како што се наведува, е и во хрватскиот национален интерес.

Косовскиот премиер денеска е во официјална посета на Хрватска, при што разговараше и со премиерот Андреј Пленковиќ и со претседателот на Собранието Гордан Јандорковиќ.

По разговорот со Пленковиќ, Курти изјави дека Приштина сака добрососедски односи со Србија, но дека за тоа и’ е потребна нормална Србија, која според него во моментов не е демократска.

Пленковиќ оцени дека за стабилноста на Југоисточна Европа е важно односите меѓу државите што произлегоа од распадот на Југославија да се регулираат на структуриран, ефективен начин, со меѓусебно почитување, без конфликти и со фокус на соработката и Процесот на европска интеграција.

Тој рече дека Хрватска сака процесот на дијалогот во Брисел да доведе до нормализација на односите меѓу Косово и Србија и меѓусебно признавање, нагласувајќи дека Косово е „реалност како меѓународно призната држава“ и дека не гледа сценарио во кое таа реалност би се промена.

Во рамките на посетата на косовската делегација, во Загреб се одржа хрватско-косовски економски форум, а беа потпишани повеќе договори, меѓу кои и за меѓусебно признавање на возачките дозволи и взаемна помош во случај на природни катастрофи.

Поврзани вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişBeylikdüzü Escortcasibom girişcasibomcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom