
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ ја смета најавата на Израел за окупација на Газа како план за етничко чистење и ги повикува Владата на премиерот Андреј Пленковиќ и земјите-членки на Европската унија итно да дејствуваат и да ја признаат Палестина.
Уште еднаш, тој ја повика владата на премиерот Пленковиќ да ја започне постапката за признавање на Палестина, а Европската унија да заземе став за суспендирање и забрана на секаков облик на воена соработка со израелскиот режим.
„Хрватска мора да има став, а не само да ги следи упатствата на Брисел“, рече Милановиќ.