Skip to main content

Македонската амбасада во Софија нуди помош за семејствата на повредените кои се префрлени на лекување во Бугарија

Македонската амбасада во Софија е во контакт со Министерството за здравство на Република Бугарија и болницата Пирогов во Софија, болниците во Варна и Пловдив во врска со повредените лица кои се згрижени во здравствените капацитети таму.

„На сите семејства и блиски на згрижените, Амбасадата им стои на располагање за секаков вид помош и поддршка која може да им биде потребна.

Телефонските броеви на Амбасадата се достапни во секое време:
0035989210005
00359877011663
00359876112993,“ се вели во соопштението.

Поврзани вести