Maсакрот во Цетиње за Нова Година не е единствен. Пред две и пол години, на 12 август 2022 година, Вук Бориловиќ (34) изврши масакр во населбата Медовина, во Цетиње, каде уби десет лица, а рани шест.
Меѓу убиените се и синовите на Милош Мартиновиќ, Машан (8) и Марко (11), како и неговата сопруга (35).
Во вторникот, ден пред трагедијата во која Ацо Мартиновиќ (47) брутално уби 12 лица во Цетиње, Милош се огласи на социјалната мрежа „Фејсбук“.
Таткото Милош најави дека убијците на неговите синови нема каде да се кријат и оти ќе има крвна одмазда.
– Моите синови, моите двајца мали херои, имаа насмевки кои можеа да осветлат агол на темнината. Нивната насмевка, нивните игри, нивната радост – тоа беа моментите кои направија да се чувствувам како најбогатиот човек на светот.И јас ти велам дека знаеш – нема да се криеш од мене-напиша таткото.
Крвната одмазда е карактеристична за Црногорците и Албанците, особено ако меѓу убиените е машки член на семејството.