Skip to main content

Koридорот 8 треба да биде готов до 2032 година, ветува бугарската министерка

 Коридорот 8 е стратешки проект за нас, изјави министерката за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова пред новинарите пред почетокот на Меѓународната министерска конференција за Коридорот 8 во Софија.

Тој е приоритет со години, но не секогаш се работи на него со доволно ниво на активност што е потребно. Состанокот е можност да се одржи политичкиот моментум, да се види до каде се стигнати релевантните проекти и делови од него и да се престане да се размислува само за мали проекти, туку како за еден голем коридор што треба да се заврши, додаде министерката.

Следната година ќе бидеме домаќини на форум за поврзување. Таму фокусот е на средниот коридор. Кога овој коридор ќе стигне до Бугарија, треба да почне да нè поврзува со остатокот од Европа и Западен Балкан. Коридорот 8 е токму оваа врска што можеме да ја имаме со земјите од Западен Балкан, рече Петрова.

Министерката за надворешни работи на Бугарија истакна дека е важно да се размислува за Коридорот 8 во целост, бидејќи има потенцијал и за железничка поврзаност и за енергетска и воена мобилност. „Работиме на исполнување на роковите, мислам дека до 2032 година“, рече Петрова, додавајќи дека Бугарија има политичка волја

Поврзани вести