Skip to main content

Кина забрани увоз на добиток од Хрватска и Полска

Кинеската царина забрани директен и индиректен увоз на добиток и сродни производи од Полска и Хрватска.

Како што објави Генералната кинеска царинска управа на својата веб-страница, одлуката е донесена поради појава на болеста син јазик.

„Ројтерс“ пишува дека тоа се случило откако Полска и Хрватска ги пријавиле случаите откриени во една полска провинција и две хрватски жупании до Светската организација за здравје на животните, објави од кинеската царина, пренесе Хина.

Поврзани вести