Skip to main content

Кадар на Борисов ќе ја води бугарската дипломатија

Георг Георгиев од партијата ГЕРБ на Бојко Борисов ќе ја извршува функцијата министер за надворешни работи во новата Влада на Бугарија, што ќе ја предводи премиерот Росен Жељазков.

Георгиев беше заменик министер за надворешни работи од ноември 2014 година до јануари 2017 година, во време кога бугарската дипломатија ја водеше Екатерина Захариева.

На последните парламентарни избори беше избран за пратеник во 51. Народно собрание, од редовите на ГЕРБ.

Георг Георгиев, како што е наведено во неговата биографија објавена на веб страницата на бугарскиот парламент, е роден на 20 октомври 1991 година во Софија.

Дипломирал политички науки на софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“, а потоа магистрирал политички консалтинг.

Георгиев има завршено „Програма за специјални странски претставници во областа на законодавството“ на Корејската фондацијата, „Програма за странски лидери“ на Стејт департментот на САД и програмата „Идни европски лидери“.

Георг Георгиев има завршено и курс на Кинеската дипломатска академија.

Народното собрание на Бугарија денеска ја избра новата Влада, предводена од Жељазков. Со тоа, по многу обиди во изминатите четири години, седум изборни циклуси, и два и пол месеци по последните парламентарни избори, Бугарија доби редовна политичка влада.

„За“ гласаа 125 пратеници, „против“ беа 114, а немаше воздржани.

Владата на Жељазков беше поддржана од пратениците на ГЕРБ-СДС, БСП-Обединета левичарска партија и Има таков народ, како и од партијата ДПС – ДПС

Поврзани вести