Skip to main content

Јулска снежна покривка во Словенија

По минувањето на студениот фронт, температурите во Словенија паднаа доволно ниско за највисоките врвови во земјата да добијат јулска снежна покривка. Снежната граница се спушти на околу 2.200 метри надморска височина, информираше словенечката Агенција за животна средина (ARSO), а објави Газета експерес.

На снимките од метео-камерите на врвовите Кредарица и Канин јасно се гледа првиот јулски снег, а на највисоката метеоролошка станица на Кредарица во 10 часот биле измерени 0 степени Целзиусови.

Поврзани вести