Skip to main content

Грција почна истрага против поранешниот министер поради страшната железничка несреќа

Парламентот во Грција изгласа вчера да се почне истрага против министерот поради железничката несреќа во близина на Темпи, неколку дена по масовните протести поради владиното „бегање од одговорност“.

Стотици илјади Грци протестираа во петокот, но втората годишнина од несреќата во која загинаа 57 лица, голем број студенти, барајќи правда за жртвите.

Нови протести се најавени за среда пред парламентот, во кој ќе се расправа за одговорност за трагедијата. Опозицијата веројатно ќе бара гласање за доверба на владата.

Заменик министерот за цивилна заштита, Христот Триантопулос беше државен министер за време на несреќата, во вторникот поднесе оставка.

Правосудната истрага за несреќата е во тек.

Поврзани вести