Skip to main content

Фабрика за фалсификување лични документи откриена во Косово

Илјадници празни документи за идентификација со ознаки на повеќе од 50 земји ширум светот, вклучително и Србија, беа запленети во Приштина.

Документите биле пронајдени во импровизирана лабораторија за која се верувало дека биле користени за производство на фалсификувани документи. Истовремено, едно лице е уапсено и одредена му е мерка притвор од еден месец, соопшти косовската полиција.

Фалсификуваните бланко документи, како што е наведено, биле откриени минатиот петок кога во Приштина било запрено едно возило при што бил уапсен возачот Ф.К.

Потоа бил извршен претрес во куќа во Приштина, која, според косовската полиција, служела како „лабораторија“ за изработка на фалсификувани документи – пасоши, лични карти и возачки дозволи.

.

При претресот на оваа куќа биле пронајдени и запленети ласерски машини, принтери, повеќе од 20.000 микрочипови и илјадници документи од 51 земја во светот.

Пронајдени се и празни лични карти и пасоши со идентификација од Република Србија, Обединетото Кралство, Бразил, Мексико, Германија…

На уапсениот возач му е изречена мерка притвор од еден месец.

Отворен е случај за „фалсификување документи“ и „организиран криминал“. 

Поврзани вести