
Во грчки камп, синоќа околу 20:30 часот, се случи грубо двојно убиство, при што сопственикот на кампот (70) и неговиот пријател (60), кој помагал во одржување на кампот, загинаа на лице место, јавува Катимерини.
Според сведоци, во кампот влегол помлад маж со маска на главата, се приближил кон жртвите и пукајќи со сачмарка, ги убил двајцата мажи. Сопственикот бил застрелан на рецепцијата, додека неговиот пријател, кој се обидел да избега, бил исто така убиен.
Локалните жители и гости на кампот реагирале по истрелите и ги пронашле жртвите во локва крв. Полицијата сè уште го трага напаѓачот, кој побегнал од местото на злосторството.
Според медиумите, сопственикот на кампот пред 20 дена пријавил претходен инцидент кога бил застрелан во друг објект што го поседувал во селото Финикунда на Пелопонез. Засега не е познато дали синоќешниот напад е поврзан со тој конфликт.
Се верува дека во времето на двојното убиство во кампот имало мал број посетители, бидејќи туристичката сезона е завршена.