Skip to main content

Двајца малолетници пронајдени мртви во гаража во Рашка

Двајца малолетници се пронајдени мртви во автомобил во гаража во Рашка изминатата ноќ. Според првичните сознанија на полицијата, причина за смртта на момчето Н.П. (17) и девојката Д.П. (15), е задушување од издувни гасови, пренесуваат српските медиуми.

Малолетниците за кои се претпоставува дека биле во емотивна врска, биле презмени од итната медицинска помош на Здравствениот дом во Рашка ноќеска во 02:50 часот, а во 03:15 часот била констатирана смрт.

Полициската управа во Краљево соопшти дека се спроведува истрага и наредена е обдукција.

Поврзани вести