Skip to main content

Додик: Муслиманите сакаат војна во БиХ и да ги стават сите Срби во логор

predsjednikrs.rs

Милорад Додик, претседател на ентитетот Република Српска, по кого е распишана меѓународна потерница, даде интервју за австриски „Профил“.

Интервјуто со Додик било спроведено минатата среда во Бања Лука, а новинарите истакнале дека ретко имаат можност да разговараат со лице по кое е распишана потерница, но и дека тој е во центарот на тлеечки конфликт што му се заканува на Балканот. Исто така, било истакнато дека не му е дозволено да влезе во Австрија.

На прашање на новинарот за налогот за апсење, Додик рекол дека „муслиманите во Босна и Херцеговина сакаат војна“ и дека сите Срби би ги ставиле во концентрационен логор.

„Такнаречениот висок претставник Кристијан Шмит и муслиманите во Босна се против мене и некои други српски политичари. Тие би претпочитале целиот српски народ да биде испратен во концентрационен логор, како во Втората светска војна. Тогаш многу муслимани, заедно со Хрватите, ги прогонувале Србите во редовите на фашистичките усташи. Муслиманите во Босна и Херцеговина повторно сакаат војна. Тие сакаат да доведат џихадисти тука и да го спроведат шеријатскиот закон. И очигледно тоа им одговара на некои луѓе во Европа, бидејќи тие би претпочитале да се ослободат од сопственото ѓубре и да го донесат сето тоа тука“, кажал Додик за австрискиот „Профил“.

Кога го прашале дали е подготвен за војна, тој рекол: „Не, не, јас не водам војна. Јас не предизвикувам војни. Република Српска не се подготвува за ништо и нема никакви планови во таа смисла. Нашиот единствен план е Уставот“.