Skip to main content

Дали Бугарија ќе биде мета на Иран поради американски авиони-танкери на бугарска територија?

Бугарските власти денеска го отфрлија иранското предупредување дека стационирањето американски авиони-танкери на бугарска територија би претставувало соучество во воени дејствија против Техеран, нагласувајќи дека авионите ќе имаат чисто логистичка улога.

Британските медиуми го цитираат бугарскиот премиер Румен Радев кој денеска  изјави дека е „категорично исклучено“ воените операции на Блискиот Исток да се спроведуваат од бугарска територија.

„Овие авиони-танкери се наменети исклучиво за логистички мисии и ќе се полнат со гориво надвор од бугарскиот воздушен простор“, рече Радев, објавија бугарските медиуми.

Бугарската влада пред два дена објави дека ќе побара од парламентот одобрение за распоредување до осум американски авиони-танкери во воздухопловната база Безмер, околу 260 километри југоисточно од Софија.

Се очекува парламентот да го поддржи предлогот за време на седницата подоцна во текот на денот.

Ваквиот план на бугарската Влада предизвика реакција од Техеран.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, предупреди дека Бугарија не треба да им дозволи на САД да ја користат нејзината територија за воени операции против Иран.

Според него, таков потег би ја направил Софија „соучесник со агресорите и прекршителите на меѓународното право“

Поврзани вести