Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека руската армија употребила севернокорејски балистички ракети во нападот врз градот Запорожје во јужна Украина, во кој во текот на ноќта загинаа најмалку шест лица.
„Градот беше погоден од севернокорејски балистички ракети, руски ракети „Циркон“ и наведувани воздушни бомби“ – напиша Зеленски на социјалната мрежа Икс, осудувајќи го, како што рече, „бруталниот напад чија цел е да се предизвика максимално можна штета“.