Skip to main content

Дачиќ е нешто подобро, смирува Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека состојбата на министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, кој вчера беше примен на Клиниката за пулмологија со билатерална пневмонија, е нешто подобра, но дека е неблагодарно да се даваат прогнози.

„Параметрите се малку подобри, но е неблагодарно да се прогнозираат. Кога се поместија, се поместија, сатурацијата падна, но сите важни параметри се малку подобри. Мораме да се надеваме и да веруваме дека ќе биде добро“, изјави Вучиќ за РТС во Астана, каде што денес пристигна на дводневна посета.


Додаде дека Дачиќ има и некои придружни болести, па тоа ги комплицира работите.

„Не е лесно, но верувам во него и во докторот“, додаде Вучиќ.

Поврзани вести