Skip to main content

Белград ќе биде поканет на форумот на БРИКС

Иако Србија не е земја партнер или членка на БРИКС, Белград ќе добие официјална покана да биде дел од Меѓународниот општински форум на организацијата, кој ќе се одржи во октомври. Тоа е шанса за развој на главниот град на Србија и можност за воспоставување соработка со градовите ширум светот.

Пред се, ова е шанса за економијата, подобрување на инфраструктурата и соработка меѓу универзитетите, вели Енрике Домингез, заменик директор на Меѓународниот општински форум БРИКС.

На минатогодишниот состанок во Москва, пречекавме претставници од повеќе од 100 земји и повеќе од 300 градови на форумот БРИКС. Нудиме многу можности и проекти. Воодушевен сум од Белград и лично ќе се погрижам да ни се придружи оваа година на Форумот во Санкт Петербург“, вети Домингез.



Поврзани вести