Skip to main content

Автобус удри во патници кои чекаа на постојка, повредени 18 лица во Белград

Во сообраќајна несреќа во Нов Белград повредени се 18 лица откако градски автобус, што се движел со голема брзина, удрил во луѓето кои биле на автобуската постојка, а потоа удрил во друг автобус.

Помеѓу повредените е и едно дете и една бремена жена.

На местото на несреќата има голем број полицајци, пожарникари и возила на брза помош.

Повредените се хоспитализирани во неколку белградски болници.

Поврзани вести