Skip to main content

Вардар убедлив во градското дерби, граби кон титулата

Во натпревар на поранешните македонски фудбалски шампиони, Вардар попладнево како гостин го победи Работнички со убедливи 3:0.

Ова беше 15 победа сезонава за „црвено-црните“ во 18 натпревари од Првата македонска фудбалска лига.

На вториот денешен натпревар од 18. коло, Струга на свој терен загуби од Силекс со 2:3.

Стружани водеа во два наврата, но на крајот останаа со празни раце.

Табела: Вардар 48 бода (18 натпревари), Шкендија 42 (18), Струга 41 (18), Силекс 35 (18), Башкими 23 (17), Арсими 22 (17), Тиквеш 21 (18), Брера 20 (17), Пелистер 19 (17), Македонија ЃП 16 (17), Работнички 7 (18), Шкупи 1 (17).