
Илјадници лица собрани во центарот на Приштина со свирежи и извици на незадоволство ја проследија пресудата за поранешниот косовски претседател Хашим Тачи и тројцата други поранешни водачи на Ослободителната војска на Косово.
Британските медиуми пренесуваат дека додека толпата луѓе ја гледаа пресудата на голем екран на плоштадот во Приштина, таа скандираше „Тачи, Тачи“, додека некои дури и плачеа.
По улиците можеа да се видат портрети на поранешни водачи на ОВК и знамето на ОВК, а по објавувањето на пресудата, дел од граѓаните извикуваа „Не во мое име“.
Косовскиот весник „Коха“ наведува дека оваа порака се проширила и на социјалните мрежи и на места каде што се собирале граѓани низ цела Косово.
Тачи и Јакуп Красниќи беа осудени на по 25 години затвор за воени злосторства, Кадри Весели на 18, а Реџеп Селими на 13 години.
Поддршката за четворицата поранешни водачи на ОВК беше видлива низ цело Косово дури и пред денешното изрекување на пресудата. Четири дена претходно, во Приштина се одржа голем „Марш за слобода“, каде што се собраа десетици илјади луѓе.
Организаторите тврдеа дека на маршот учествувале околу 100.000 луѓе, додека независна потврда за таа бројка не е објавена. „Коха“ објави дека илјадници граѓани биле на улиците на главниот град.
Денешното изрекување на пресудата беше следено и на плоштадите во другите косовски градови, каде што беа организирани јавни собири.

По изрекувањето на пресудата следеа остри реакции од некои косовски политичари.
Шефот на косовската дипломатија, Глаук Коњуфца, кој беше во Хаг, пресудата ја нарече „ужасна пресуда за Косово“ и тврдеше дека таа ќе предизвика голема штета на земјата.
„Тоа е тажна, неправедна и незаслужена одлука“, рече Коњуфца откако ја напушти судницата.
Албанскиот премиер Еди Рама реагираше многу кратко. Објави фотографија со еден збор – „Marre“, односно „Срамота“.
Поранешниот косовски премиер и поранешен командант на ОВК, Рамуш Харадинај, исто така ја нарече пресудата неправедна и неприфатлива, но ги повика граѓаните да останат смирени и рече дека правната битка треба да продолжи во жалбената постапка.
„Ако го уништуваме Косово, им помагаме на непријателите“, рече Харадинај, повикувајќи ги граѓаните да не оштетуваат имот или да не ги загрозуваат луѓето.
Во доминантно српскиот северен дел од Косово, безбедносната ситуација беше внимателно следена пред пресудата. Наставата остана редовна во основните и средните училишта на северот, но неколку факултети на Универзитетот во Приштина, со седиште во Северна Митровица, ги одложија испитите закажани за денеска.
Јавната дебата за буџетот на општина Северна Митровица беше исто така одложена. Во исто време, училиштата што работат според српската наставна програма во областа Грачаница, јужно од Ибар, ги префрлија часовите на интернет поради безбедносната ситуација и најавените собири поврзани со пресудата.
Пред пресудата, КФОР и ЕУЛЕКС изјавија дека ја следат безбедносната ситуација. КФОР изјави дека останува подготвен да одговори на различни безбедносни сценарија

Македонски


