Skip to main content

Награда за претставата „Франкенштајн“ на Театарот за деца и младинци на Меѓународниот фестивал за анимација во Темишвар

Театар за деца и младинци

На 11-тото издание на Меѓународниот фестивал за анимација „Под волшебното стапче на Мерлин“ („Sub Bagheta lui Merlin“), кој се одржа во Темишвар, Романија од 27 септември до 4 октомври, претставата „Франкенштајн“ во продукција на Театарот за деца и младинци (ТДМ) освои престижна Награда за колективна игра (Award for Ensemble Performance).

Публиката и стручното жири во Темишвар имаа можност да ја погледнат изведбата на оваа длабока и визуелтно впечатлива претстава на 1 октомври. Меѓународното жири ја препозна и ја валоризира врвната уметничка синергија, прецизност и длабока емоционална ангажираност на актерскиот ансамбл, доделувајќи му го ова значајно признание кое ја потврдува високата професионалност на македонскиот театар. Претставата „Франкенштајн“, преку својот оригинален сценски јазик и актуелна тематика, уште еднаш докажа дека уметноста не познава граници и успева длабоко да ја допре и младата и возрасната публика ширум светот, се вели во соопштението на ТДМ.

Премиерата на претставата „Франкенштајн“ во ТДМ во Скопје беше изведена на 6 јули 2023 година. Режијата е на Кокан Младеновиќ, а во претставата играат: Ангела Димитрова, Бојан Кирковски, Матеа Јанковска, Наташа Петровиќ, Ненад Митевски, Никола Наковски и Симона Спировска.

Поврзани вести