Skip to main content

Кремљ предупреди: Ако Финска распореди нуклеарно оружје и ни се заканува – Русија ќе одговори

Frreepik

Кремљ предупреди дека планот на Владата на Финска да ја укине целосната забрана за распоредување нуклеарно оружје на својата територија ќе ја зголеми тензијата во Европа и ќе предизвика одговор од Русија.

Финска, која има долга заедничка граница со Русија, за време на Студената војна водеше политика на неутралност, но во 2023 година се приклучи на НАТО.

Хелсинки вчера соопшти дека размислува за укинување на долгогодишната забрана за распоредување нуклеарно оружје на своја територија во време на војна.

Оваа изјава води кон ескалација на тензиите на европскиот континент. Таа ја зголемува ранливоста на Финска – ранливост предизвикана од постапките на финските власти. Со практичното распоредување нуклеарно оружје на своја територија, Финска почнува да ни се заканува. А, ако Финска ни се заканува, ние ќе преземеме соодветни мерки“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.