Skip to main content

Израел: Хезболах испали 70 ракети на израелска територија

 Израел соопшти дека либанското шиитско движење Хезболах испалило 70 ракети кон израелска територија.

Во последните денови, стотици ракети и дронови беа испукани“ кон Израел, а од денеска „околу 70 ракети беа испукани“ кон израелска територија“, изјави портпаролот на израелската армија Надав Шошани.

Израелскиот портпарол појасни дека од почетокот на израелската инвазија на јужен Либан против движењето која почна на 2 март, извршиле 26 бранови напади, во кои нападнале повеќе од 500 цели во Либан и елиминирале повеќе од 70 припадници на Хезболах.