
Планетарните влијанија во текот на јули носат поволности на финансиски план за четири хороскопски знаци, а еден од нив може да очекува и среќа на игрите на среќа.
Со влегувањето на Уран во знакот Близнаци на 7 јули, започнува период на длабоки промени во начинот на комуникација, но и во начинот на кој се примаат информации. Излегувањето на Уран од Бик, пак, носи поголема стабилност на финансиските пазари и помалку осцилации, што е добредојден пресврт по неколкуте турбулентни години.
Астролозите предвидуваат дека до 12 јули најголем финансиски успех ќе почувствуваат Лавовите, Овните, Близнаците и Раковите.
Лав
Под влијание на Марс во Девица, Лавовите може да очекуваат стабилен паричен прилив, особено преку самостојни бизниси или работа што бара внимание на детали. Периодов е исклучително поволен за оние кои се занимаваат со услужни дејности или аналитички професии.
Овен
Венера во Близнаци носи нови можности за финансиски преговори. Овните може да очекуваат помала, но значајна добивка која ќе им помогне во подобрување на личната финансиска состојба.
Близнаци
Јупитер, кој моментално го осветлува нивното поле на финансии, носи можности за унапредување, покачување или успешна реализација на нови договори. Во соработка со Раковите, Близнаците може да остварат значајни финансиски резултати.
Рак
Раковите важат за едни од најсреќните знаци овој месец. Поддршката од Јупитер носи неочекувани, но позитивни парични приливи. Финансиската добивка ќе доаѓа од повеќе извори и ќе се развива стабилно.
Шкорпија – сојузник на среќата
Иако не е меѓу првите четири знаци со директен финансиски прилив, Шкорпијата има зголемени шанси во игрите на среќа. Периодов е идеален за испробување на лотарии или други видови на среќни игри – со умереност и внимателност.