
Београдско драмски позориште (БДП) на 25 октомври (недела) ќе гостува во Драмски театар Скопје со претставата „Црно злато“ на еден од најзначајните македонски драмски автори Дејан Дуковски, а во режија на Хрватот Оливер Фрљиќ.
Дуковски е автор на култните претстави „Балканот не е мртов“, „Буре барут“ и „Маме му ебам кој прв почна“.
Во „Црно злато“ во центарот е едно семејство заглавено меѓу старите правила и новите идентитети, каде враќањето дома ќе ги отвори прашањата што предолго биле премолчувани.
Провокативна, горчлива и бескомпромисна приказна за семејството, транзицијата и вистините што повеќе не можат да се сокријат.
Билетите се веќе во продажба на веб-страницата на Драмски театар.
„Црно злато“ премеирно беше прикажана во Белград во мај, а потоа македонската театарска публика имаше можност да ја гледа на затворањето на годинашното издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Македонски


