Skip to main content

Београдско драмско позориште на 25 октомври гостува во Драмски театар Скопје со „Црно злато“ на Дејан Дуковски, а во режија на Оливер Фрљиќ

Београдско драмски позориште (БДП) на 25 октомври (недела) ќе гостува во Драмски театар Скопје со претставата „Црно злато“ на еден од најзначајните македонски драмски автори Дејан Дуковски, а во режија на Хрватот Оливер Фрљиќ.

Дуковски е автор на култните претстави „Балканот не е мртов“, „Буре барут“ и „Маме му ебам кој прв почна“.

Во „Црно злато“ во центарот е едно семејство заглавено меѓу старите правила и новите идентитети, каде враќањето дома ќе ги отвори прашањата што предолго биле премолчувани.

Провокативна, горчлива и бескомпромисна приказна за семејството, транзицијата и вистините што повеќе не можат да се сокријат.

Билетите се веќе во продажба на веб-страницата на Драмски театар.

„Црно злато“ премеирно беше прикажана во Белград во мај, а потоа македонската театарска публика имаше можност да ја гледа на затворањето на годинашното издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Поврзани вести