Skip to main content

Алкараз стана најмладиот тенисер со титула на сите грен слем турнири

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ја почна годината со освојување на пехарот на грен слем турнирот Австралија опен во Мелбурн.

Првиот светски рекет успеа во финалето по пресврт да го совлада српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со 3:1 во сетови.

За Шпанецот ова е седма грен слем титула во кариерата, а прва на Австралија опен.

Алкараз стана најмладиот тенисер со титула на сите четири грен слем турнири.

Претходниот рекордер беше неговиот сонародник Рафаел Надал, кој беше на трибините во Род Лејвер Арената за овој меч.

„Бикот од Мајорка“ имаше 24 години и речиси четири месеци кога го освои за прв пат Отвореното првенство на САД во 2010 година, а Алкараз сега има 22 години и нешто повеќе од осум месеци по првото освојување на АО.

Поврзани вести