Skip to main content

35 години независност на Македонија: На 15 август „Меморија“, „Мизар“ и „Синтезис“ со заеднички концерт во Струмица

Во рамки на одбележувањето на 35 години независност на Македонија, на 15 август во Градскиот парк во Струмица ќе се одржи голем музички концерт на кој ќе настапат култните македонски музички состави „Меморија“, „Мизар“ и „Синтезис“.

Настанот е во организација на „Авалон“ и е најавен како музичка вечер посветена на најдоброто од македонската музичка сцена.

Концертот е отворен за јавноста, а посетителите ќе имаат можност бесплатно да уживаат во настапите на трите легендарни македонски групи. 

Поврзани вести