Skip to main content

Онколошки пациенти на протест пред Министерството за здравство

Онколошки пациенти денес симболично ќе протестираат пред Министерството за здравство поради повторливиот недостиг од лекови на Клиниката за онкологија. Поради екстремно високите температури, се очекува ограничено присуство, со неколку пациентки кои ќе го пренесат барањето итно да се обезбеди непрекинато снабдување со терапија.

Ана Марјановиќ од здружението „Хема-Онко“, која и самата е пациентка, вели дека забавите и прекините во снабдувањето повторно создаваат неизвесност и стрес, бидејќи пациентите не знаат дали навреме ќе ја добијат потребната терапија, објави 4news.mk

Од мај, откако стапи во сила новиот буџет, веќе трипати недостигаа одредени лекови на Клиниката за онкологија. Овојпат не недостига само биолошка терапија, туку и цитостатици и лекови од позитивната листа. Овие прекини се повторуваат речиси секој месец или на секои два месеца и се сериозен проблем за пациентите“, изјави Марјановиќ за ТВ 24.

Последниве денови за недостигот јавно алармираа и повеќе пациенти на социјалните мрежи. Дел од нив велат дека биле вратени без да ја примат терапијата, додека пациенти од други градови секојдневно телефонски проверуваат дали воопшто има лекови пред да тргнат кон Скопје.

Поврзани вести