Уставниот суд информира дека поради тајноста на постапувањето по предметот за Законот за употребата на јазиците кој е во претходна постапка, нема да ги коментира медиумските објави ниту нивната веродостојност.
Во однос на медиумскиот интерес за објавени делови, наводно од реферат од Законот за употребата на јазиците, Уставниот суд информира дека поради тајноста на постапувањето по предметот кој е во претходна постапка, нема да ги коментира медиумските објави ниту нивната веродостојност, велат од Уставниот суд.
Од Судот апелираат на воздржаност од ширење на информации кои може да наштетат на самата постапката особено во период пред Судот да расправа и да одлучува по предметот.