Во американскиот град Њу Орлеанс рано утрината по локално време, маж влетал со пикап возило во толпа луѓе. Според податоците на градската управа, загинале десет лица, а најмалку 35 се повредени.
Инцидентот се случил во 3 часот и 15 минути (по локално време) на улицата Бурбон во Францускиот кварт, градската туристичка област и со богат ноќен живот, додека новогодишните прослави сѐ уште биле во тек. Властите ги повикаа луѓето да ја избегнуваат областа.
Осомничениот за пукањето во Њу Орлеанс е мртов, изјави федералниот службеник за спроведување на законот за Си-Ен-Ен.
Индициите се дека осомничениот делувал намерно, рече службеникот.
ФБИ и полицијата вршат претрес на возилото за да го утврдат мотивот.