
Најдобриот играч на Турција, Алперен Шенгун, му подари на својот соиграч од репрезентацијата, Ерџан Османи, скап часовник од добро познатата марка „Ролекс“.
Пред полуфиналето со Грција на Евробаскетот, Шенгун му вети на Османи дека ќе добие скап подарок ако игра добро и Албанецот блеска на теренот.
Тој го заврши натпреварот со 28 поени, вклучувајќи шест тројки, но повеќе од неговиот учинок во поени, импресионираше неговата фантастична одбрана на Јанис Антетокумпо.
„Му ветив Ролекс ако игра добро. Ќе му го купам најдобриот“, рече Шенгун по победата над Грција.
Една недела подоцна, асот на Хјустон го исполни своето ветување. Османи сподели фотографија на Инстаграм со Шенгун и неговиот нов „Ролекс“ со краток коментар:
„Ветено – Исполнето“