Skip to main content

Ноле ќе го отвори Свети Стефан во Црна Гора

Новак Ѓоковиќ откри дека со помош на црногорскиот премиер Милојко Спајиќ се обидува повторно да го отвори Свети Стефан.

Овој град-хотел беше затворен во 2021 година, а најдобриот тенисер на сите времиња во интервју за „Вијести“ изјави дека се надева дека ситуацијата наскоро ќе се промени.

Свети Стефан беше затворен поради одредени несогласувања.

Закупецот на Свети Стефан го затвори градот-хотел и ја прекина изградбата на нов хотел поради користење на плажата Кралицата, која беше затворена за јавноста и резервиран за гостите на хотелот.

Во 2021 година, мештаните ја скршиле оградата на плажата, а Свети Стефан потоа бил затворен.

Поврзани вести